Едно лице тешко повредено во Скопје

Еден пешак се здобил со тешки телесни повреди, а пет лица со лесни телесни повреди во шест од вкупно 10 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во четири сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.
Од сообраќај, според податоците на СВР Скопје, полицијата исклучила осум возачи пред да се стекнат со право на управување на моторни возила и шест нерегистрирани возила.
За непрописно паркирање е издадена една казна, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 92 возила.
Казнети се и еден пешак кој поминал коловоз на црвено светло, четири возачи кои поминале крстосница на црвено светло и еден возач кој не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









