ФОТО: Исечени јапонските цреши на Максим Горки

Исечените 13 јапонски цреши на улицата Максим Горки беа стари и болни и на нивно место во понеделник, 18 ноември, ќе бидат засадени нови, соопшти Општина Центар.
Од Општината пак информираат дека се работи за отстранување стари и болни дрвја од видот јапонска цреша.
-Јапонската цреша е дрво по кое е и самата улица „Максим Горки“ препознатлива и карактеристична. Општина Центар ја известува јавноста дека на местото на отстранетите стари и болни дрва во понеделник ќе засади нови 18 висококвалитетни дрвја од истиот вид, јапонски цреши, кои се примени како донација од вработените во претставништвото на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









