Славната поп-ѕвезда од Јужна Кореја пронајдена мртва - контроверзна убавица популарна кај младите
Една од најпопуларните поп-ѕвезди во Јужна Кореја, Сули починала на 25-годишна возраст. Тамошната полиција соопштила дека пејачката мртва ја нашол нејзиниот менаџер во нејзиниот дом близина на Сеул.
Причината за смртта не е уште прецизно потврдена, но се шпекулира дека станува збор за самоубиство.
Оваа ѕвезда на Инстаграм ја следат скоро 6 милиони луѓе, а била членка на популарниот бенд F(x) се до 2015 година, кога ја напуштила оваа група за да се фокусира на актерската кариера.
Сули, чие вистинско име е Чон Џин-Ри била блиска пријателка со поп-пејачот Џонгинг кој се самоубил во 2017 години на 27 години.
Оваа дама била прилично контроверзна и позната како некој кој е без влакна на јазикот. Во повеќе наврати била критикувана во јавноста поради слободното однесување и фактот дека не носи градник, а медиумите редовно објавувале нејзини провокативни фотографии.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа