Пејачката Едита повикана на сослушување во полиција - таа е главна осомничена за напад во студио

 

Пејачката и поранешна членка на групата „Министерки, Едита Арадиновиќ во моментов е прва осомничена за напад на студиот „ФМ Плеј“, со чии сопственици веќе доло време е во конфликт.

Пејачката ќе биде сослушана во полиција поради експлозивна направа која во саботата утрината беше фрлена во продуцентската куќа, дознава Курир.рс

Да потсетиме, рачна бомба качирака беше фрлена во текот на ноќта, а за среќа никој не е повреден, затоа што сопствениците Милош Рогановиќ и Филип Милетиќ, како и нивните соработници не биле таму во тој момент.

Досегашната истрага покажала дека единствениот конфликт кој сопствениците го имале бил со пејачката Едита. Имено, таа со нив имала договор вреден 150.000 евра уште во периодот кога била член на групата Министерки, но минатата година одлучила да го прекрши правилото и да го напушти бендот, поради што дошло до проблеми и кавги меѓу блиските соработници.

Рогановиќ и Милетиќ раскажале дека освен тој конфликт немале ниту еден друг поблем кој би можел да доведе до бомбашки напад.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.10.2019 - 09:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега