ВИДЕО: Инцидент на снимање на српска емисија - гостинот го нокаутираше водителот

 

При снимањето на првата емисија од новата сезона на емисијата „БН коктел“, во студиото дошло до невиден инцидент откако еден од гостите го нокаутирал водителот!

Уште на почетокот се видело дека снимањето на емисијата не се одвивало како што било планирано. Имено, водителот на гостите им поставувал незгодни прашања, на кои некои од нив одговарале, а некои ги сметале за провокација, која ќе заврши со посериозен инцидент.

Имено, гостинот Шаран Алегро испровоциран од  незгодните прашања на водителот на емисијата Бојан Белиќ, во еден момент одлучил ситуацијата да ја реши „каубојски“, па на едно од прашањата одговорил со тупаница, наместо со одговор.

Гостинот станал и прашувајќи го домаќинот: „Зошто ти постојано се*еш против нас“, се приближил до водителот и без предупредување го удрил со тупаница в лице.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.09.2019 - 12:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега