Подгответе се навреме: Дел од Маџари денеска без вода

Прекин во водоснабдувањето денеска од 8.20 часот ќе имаат дел од корисниците лоцирани на улиците „Благоја Стевковски“, „Карл Либнехт“ и „Темко Попов“.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради реконструкција на водоводна мрежа на улицата „Благоја Стевковски“ бб во населба Маџари.
Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата.
28.09.2019 - 10:01
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









