Нема место за паника: Пожарникарите го локализираа пожарот во Бардовци

Голем пожар попладнево во Бардовци, а мирисот се чувствуваше дури до Центар поради силниот ветер.
Пожарот во село Бардовци е комплетно локализиран и нема никаква опасност за населението за нивните куќи и имоти, објави Противпожарната служба на Град Скопје на нивната Фејсбук страна.
- Пожарот во с.Бардовци Локализиран да нема паника меѓу граѓаните. Екипите се на терен до негово комплетно догасување. Фала на разбирањето, напишаа од таму.
18.09.2019 - 17:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









