Сообраќајот ќе се пренасочува - Измени на Илинденска

Во вторник, среда и четврок од 09.00 до 11.30 часот, во организација на Скијачката федерација на РСМ, Клубот за биатлон и нордиски дисциплини „Олимпик Скии“ од Скопје, град Скопје и општина Карпош, ќе се одржи меѓународна спортска манифестација „ФИС ролер ски куп“, со траса на движење од Спортскиот центар „Борис Трајковски“ до крстосницата на булеварот „Илинден“ со улицата „Љубљанска“ (десна коловозна лента гледано во насока од исток кон запад) во Скопје.
Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај во наведениот период ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по булеварот „Илинден“, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците по кои ќе се одвива настанот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









