Новото ОУ во Капиштец ќе го носи името „Киро Глигоров“

 

Советот на Општина Центар на денешната 33-та седница го усвои предлогот, новото општинско училиште во населбата Капиштец да го носи името „Киро Глигоров“.

Изборот на името на училиштето е по желба на граѓаните кои се изјаснија на јавна анкета која ја спроведе општината на својата веб страница во јули годинава.

ООУ „Киро Глигоров“ почна да се гради во 2016-та година и само по три години ги отвора вратите за првите ученици. Учебната година за учениците и во ООУ „Киро Глигоров“ почнува на 2 септември, а в понеделник на 26 август ќе бидат објавени списоците на паралелките и учениците, соопштија од општината и им посакаа среќна и успешна година на сите ученици. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.08.2019 - 15:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега