Колабирала жена на гробиштата во Бутел - Друга во Чаир

 

Една жена колабирала на гробиштата во Бутел, друга во Чаир. Со топлото време секојдневно се случуваат колапси, јавува Плусинфо.

Околу пладне две жени се онесвестиле и тоа една на Градските гробишта Бутел, а друга во населбата Чаир. Во двата случаи интервенирале екипи на скопската Итна медицинска помош.

– Нормално, организмот се адаптира на топлото време, но не смееме да се опуштиме. Мора да бидеме претпазливи, особено во најжешкиот дел од денот и да ги следиме упатствата од несаканите последици од сонцето и од горештината. Значи носење лесна облека, пиење доволно течности, престојување под сенка во најтоплиот дел од денот, ако веќе мора да се излезе надвор,  вели д-р Марина Сотировска, шеф на смена во скопската Служба за итна медицинска помош, пренесе порталот.

Секојдневно има околу десет колапси.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.08.2019 - 15:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега