Заврши реконструкцијата на мостот „Гоце Делчев“ - сообраќајот се одвива непречено

Екипи на Град Скопје вчера ги завршија градежните активности за реконструкција на мостот „Гоце Делчев“ во двата правци. Од денеска сообраќајот на мостот се одвива непречено.
Како што соопшти Град Скопје, комплексните градежни зафати за реконструкцијата на мостот завршија во предвидениот рок од 40 дена, од нивниот почеток на 9 јули 2019 година.
За време на градежните активности на овој потег беше воспоставен привремен сообраќаен режим.
– Со овој тип на реконструкција на дилатационите спојки на мосот, градежен зафат кој не беше изведен на мостот во изминатите 13 години, значително се зголемува безбедноста на мостот, се вели во соопштението од Град Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









