Снег веел 105 дена, земјотресот срамнил се со земја - Најчудните нешта во Скопје

Скопје во долгата историја повеќе пати пропаѓал и одново се раѓал како град, а најголемата катастрофа е земјотресот во 1963 година, во кој 1.070 луѓе го загубиле животот, а 3.000 биле повредени.
Освен земјотресот, најчудните работи што се случиле во Скопје во периодот од 1955 до 1963 година се: „чудниот снег“ и „поплавата“.
Во Скопје под чудни околности без престан паѓало снег 105 дена. За оваа чудна зима има многу малку информации и многу малку луѓе се сеќаваат. Радијата секојдневно најавувале нови врнежи на снег се до последниот ден од бурата, а тоа бил рекордниот 105-ти ден од далечната 1955/56. Мажите секојдневно ги чистеле улиците за да можат да одат на работа, а секое утро се зголемувале сантиметрите на снежната прекривка, пренесе Курир.
На 16-ноември 1962. поради обилните врнежи од дожд реката Вардар го поплавила Скопје. Поплавени биле околу 5.000 куќи. а скоро сите скопски населби биле под вода. Според раскажувањата на сведоците, поплавата не била предизвикана само од реката Вардар, туку и од Маркова река во Драчево каде целата населба била под вода. За среќа нема евидентирано ни една жртва во поплавата, но вистинската цена од несреќата се исплатила после неколку месеци поточно во 1963-година.
(1963-година Скопје) Утрото го најавувало големиот христијански празник „Св Архангел Михаил“ на 26-јули 1963 година. Во 05 часот и 17 минути, најверојатно како реакција од поплавите и повлекувањето на водата од почвата, се случила вистинка катастрофа кога Скопје било срамнето со земја од катастрофалниот скопски земјотрес.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









