Шилегов: Од утре скопјани ќе предлагаат нови имиња за улици, булевари, мостови и плоштади

Од утре преку анкета граѓаните ќе можат да предложат нови имиња за улиците, булеварите, мостовите и плоштадите, ркол градоначалникот Петре Шилегов на одбележувањето на 56-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, пренесува САКАМДАКАЖАМ.
Тој истакнал дека Скопје по земјотресот било изградено благодарение на светската хуманост и солидарност, но за жал, како што кажа градоначалникот, претходната власт многу од тие спомени избришала. Затоа тој ќе побара од граѓаните да предложат имиња за објекти и улици, со кои ќе се сеќаваме на денот кога Скопје повторно беше изграден.
„Лани на овој ден ги вративме буквите од Тито на старата железничка станица. Пред неколку месеци катните гаражи под надлежност на Градот добија ниви имиња ’26 јули‘ и ’Беко‘. Сега тоа ќе го направиме и на други објекти, улици и плоштади“ рекол Шилегов.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









