Забрана за пиење на водата од јавните чешми во Горно Нерези

 

 Се забранува пиење на водата од јавната чешма во џамијата Горно Нерези и јавната чешма до џамијата Горно Нерези, како резултат на извршен инспекциски надзор на вода за пиење од страна на Државниот инспектор за храна од Подрачна единица Скопје на Агенцијата за храна и ветеринарство.

– Пo извршениот инспекциски надзор, утврдено е дека водата не е безбедна за пиење, односно не одговара на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење поради присуство на бактеријата Escherichia coli и зголемен број колиформни бактерии. Како мерка на претпазливост апелираме до сите граѓани да ја почитуваат оваа одлука со цел да го заштитат своето здравје, се вели во соопштението од Општина Карпош. 

Локалната самоуправа, како што се наведува, веќе го известува локалното население за оваа одлука, а непосредно до чешмите ќе се постави и натпис „Водата не е за пиење“.

Општина Карпош доби и задолжение да врши редовна дезинфекција на водата за пиење и да спроведе мерки за санација и обезбедување на безбедна вода за пиење. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.07.2019 - 15:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега