Шилегов: Нов изглед на центарот, ново менаџирање на „Дрисла“, што ќе носи и пари и почист воздух

 

Нов изглед на центарот, ново менаџирање на „Дрисла“, што ќе носи и пари и почист воздух, отстранување на фонтаните од Вардар, ново сообраќајно решение – и други проекти најавува градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, во интервјуто за Независен“.

На прашањето каква е најавата, дали ќе има нов изглед на Скопје како што најавуваше, Шилегов вели дека, годинава се работи на тоа.

„Во првата година од мојот мандат имаше сериозни критики за тоа дека Шилегов ништо не работи. Тоа беше последица на тоа што како градоначалник на Скопје, која е сериозна работа, не треба да бидете брзоплет. На крајот на денот, не треба секогаш да реагирате на критики какви и да се тие. Мојата идеја беше дека визијата за Скопје, на која работам, ќе почнеме да ја ставаме на документи. Оваа година сме сериозно повидливи, затоа што ја завршивме стратегија на планирање на градот. Сега работиме на плановите за градот за наредната година. Веќе се работи, отсега ги спремаме работите што ќе се случуваат следната година. Есенва градот ќе добие нов добро уреден плочник на високо европско ниво од излезот на ГТЦ кон „Порта Македонија“ околу „Лумикс“, кој е со асфалт во очајна состојба. Јас очекувам до крајот на октомври тоа да биде средено. Можам да ви најавам дека во текот на наредната година центарот на Скопје ќе биде затворен за сообраќај. Сосема поинаку ќе се одвива работата во централното градско подрачје, а тоа ги вклучува и неколкуте објекти што немаат сменети фасади. Есенва и тие ќе бидат предмет на работа, но претпочитам секогаш да започнат да се реализираат работите, па потоа да зборуваме за нив. Да, во тоа што го работиме во моментов за 2020 година, ќе биде целосното преуредување на централното градско подрачје што ќе ги опфати и двете згради кои успеавме да ги спасиме од проектот „Скопје 2014““ вели Шилегов.

За загадувашето вели дека се работи и на таа тема.

„Секогаш кога е загадувањето во прашање сметам дека не треба да се оди на инстант решенија. Градот во изминативе година и пол презеде околу триесетина мерки што не се решавање на проблемот, но помагаат во деновите на критичното загадување. Лично сум задоволен што градот има креирано енергетска стратегија. Го основавме Градски енергетски системи, односно ГЕС и ја завршивме легализацијата на топловодните мрежи, што порано не се случило. За жал, топловодната мрежа на градскиот систем не била внесена во катастарот што е апсурд“ вели Шилегов во интервјуто за „Независен“.

Целото интервју прочитајте го ТУКА.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.07.2019 - 09:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега