Над 200 казни во Скопје: брзо возење на возила и прекршоци на мотоциклисти

Вчера Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе акциски контроли за санкционирање на прекршоци од возачи на мотори и за контрола на брзина на движење на моторни возила.
Во периодот од 20:00 до 24:00 часот, при контролата за прекршоци од возачи на мотори, откриени се 35 прекршоци. Откриени се и два останати прекршоци.
Во периодот од 06:00 до 24:00 часот, при контролата за откривање возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од законски пропишаната, констатирано е дека 92 возачи ја пречекориле брзината во населено место. Откриени се и 68 останати прекршоци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









