Привремен сообраќаен режим на мостот „Гоце Делчев“

На мостот „Гоце Делчев“ денеска и утре ќе биде воведен привремен сообраќен режим поради изведување комплексни градежни активности.
– Поради изведување градежни активности за реконструкција на дилатационите фуги на мостот денеска во периодот од 5 часот изутрина до 17 часот попладне ќе биде целосно затворена за сообраќај страната на мостот во правец од ТЦ „Мавровка“ кон Влада (исток-запад). В недела поради изведување на истиот градежен зафат на мостот во периодот од 5 часот изутрина до 17 часот попладне, ќе биде целосно затворена за сообраќај страната на мостот во правец од Влада кон ТЦ „Мавровка“ (запад- исток), се вели во соопштението од Град Скопје.
Град Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да се придржуваат до времено поставениот режим на сообраќај. Ги замолуваат сите учесници во сообраќајот за трпение и разбирање поради можното отежнато одвивање на сообраќајот во овој дел на градот.
Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ соопшти дека викендов, од 5 до 17 часот, поради градежни зафати на мостот „Гоце Делчев“ ќе биде воведен привремен сообраќаен режим. Автобусите од јавниот превоз што сообраќаат во тој дел ќе бидат пренасочени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









