Медицинска опрема за Детската болница од Амбасадата на Суверениот воен ред на Малта

 

 Медицинска опрема на Детската болница за следење на виталните функции  на младите пациенти беше донирана денеска од амбасадорот на Суверениот воен ред на Малта во Република Северна Македонија, Франческо Саверио Џуисти.

Церемонијата за донацијата на медицинската опрема се одржа во канцеларијата на директорката на болницата Катерина Ставриќ, се наведува во соопштението на Амбасадата на Суверениот воен ред на Малта.

Донацијата е по иницијатива на полковникот Џузепе Монталто, кој се погрижи ваквата иницијатива да се финализира  во активна соработка  со организацијата ANGLAT Bari Section   и  здружението „Fabula vitae“, се додава во соопштението.

Според стогодишната традиција на Редот на Малта во корист на сиромашните и лицата со посебни потреби, Амбасадата на Суверениот Воен Ред на Малта во Скопје најавува спроведување на слични хуманитарни иницијативи во иднина, со цел да се помогне и послужи на најзагрозените лица во земјата.

-Оваа донација претставува конкретен и значаен гест на доброворни цели и солидарност, чија цел е подршка на младите генерации на македонскиот народ кои ја претставуваат идниината на оваа земја, се нагласува во сооштението. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.07.2019 - 16:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега