Рокот истекува утре: Платете ги заостанатите сметки за вода и смет без камата

 

 Град Скопје ги потсетува граѓаните дека заостанатите сметки за вода и смет без камата можат да ги платат до утре.

-  ЈП Водовод и канализација - Скопје и ЈП Комунална хигиена - Скопје ги известуваат корисниците коишто имаат заостанат долг за потрошена вода и смет (тужен и редовен) дека имаат можност да го платат без пресметана камата за задоцнето плаќање се до 28 јуни, стои во соопштението.

Можноста да се плати долгот без пресметана камата од страна на корисниците е со определено времетраење во рок од 20 дена, сметано од 13 мај до 28 јуни 2019 година. 

Физичките лица и правните лица ќе може да го исплаќаат својот долг со склучување на договор до 24 месечни рати, во зависност од висината на долгот.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.06.2019 - 10:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега