За утре најавен протест- МВР апелираат да се почитуваат сообраќајните правила и прописи

Утре поради најавен протест на група граѓани со блокирање нa крстосница на булеварот „Србија“ со булеварот „Борис Трајковски“ во времето од 07,00 часот сообраќајот ќе биде пренасочен по локален пат кон Горно Лисиче, булеварот „12-та Македонска Бригада“, булеварот „Трета Македонска бригада“ и улицата „Народни херои“, соопштуваат од МВР.
Оттаму апелираат до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
25.06.2019 - 16:21
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









