Овие трикови треба сите да ги знаат: Бебешката пудра има повеќе намени
Доколку имате дечиња, сигурно веќе сте се сретнале со бебешката пудра. Но, покрај тоа што таа е еден од најдобрите производи за нега на вашите малечки, големи придобивки од истите има и за мајките. Овој производ може да ви заврши голема работа при шминкањето, отсранување на дамки и отстранување на непријатна миризба.
Бебешка пудра како замена за шампон за суво миење
Веруваме дека досега сте се нашле во ситуација да немате време да ја измиете косата поради разни обврски. Во овој случај бебешката пудра е идеално решение за суво миење на косата, бидејќи ги впива нечистотиите, а косата изгледа чисто и здраво. На темето нанесете малку од бебешката пудра, но бидете внимателни добро да го истриете за да не се забележува. Секако, ова е краткотрајно решение пред добро да ја измиете косата со соодветен шампон.
Го зголемува волуменот на трепките
Тенките и ретки трепки се еден од оние проблеми со кои не можеме да се справиме без оглед на маскарата што ја користиме. Пред да ја нанесете маскарата, внимателно со прстите нанесете малку од бебешката пудра, па по неколку минути ставете и од маскарата. Ќе бидете задоволни од густината и волуменот на трепките.
Ја смирува кожата и иритацијата
Бебешката пудра помага во заздравување на кожата од разни иритации и благи оштетувања. Овој производ е добар и за смирување на акните, а можете да го нанесете откако добро ќе го исчистите лицето со препорачаното средство. Бебешката пудра ќе ја смири вашата кожа и по депилацијата или бричењето.
Задржување на шминката
Со оглед на тоа што бебешката пудра ги впива маснотиите, добро е да нанесете малку по шминкањето. Со четката за пудра во прав, нанесете многу тенок слој од бебешката пудра за шминката да се задржи на место. Исто така, пред да нанесете кармин, на усните ставете тенок слој бебешка пудра која ќе овозможи долготрајност на карминот.
Впива маснотии
Нареден пат кога нешто мрсно ќе ви капне на блузата или тепихот, посипете со бебешка пудра, ја впива маснотијата.
Отстранува непријатна миризба
Посипете ја внатрешнососта на чевлите со бебешка пудра и оставете преку ноќ. Наредното утро избришете ги и облечете ги, ќе мирисааат како нови.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа