Дојава за бомби во сите патнички возови: Железничкиот сообраќај е во целосен прекин во Србија
Компанијата „Србијавоз“ а.д. ја информираше јавноста дека денес, во 10:18 часот, е примена анонимна пријава за поставени бомби во сите патнички возови.
Поради оваа пријава, сообраќајот на сите патнички возови е привремено прекинат, сè додека надлежните државни органи не ги извршат сите потребни проверки и не ја утврдат безбедноста.
На патниците им се препорачува редовно да ги следат информациите на официјалната веб-страница на компанијата „Србијавоз“ за навремено известување за продолжување на сообраќајот.
- Им благодариме на патниците за нивното разбирање. - се наведува во официјалното соопштение.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа