Мицкоски: Со гордост ги градиме темелите на промените, доаѓа времето на Македонија
Ѓорче беше државник пред да постои држава, порача премиерот Христијан Мицкоски во денешниот говор по повод 104 години од смртта на Ѓорче Петров, кого го цитираше: „Нашето движење е народно, без разлика на вера и народност, а стремежот е кон автономија, кон самостојност и достоинствен живот“.
-Оваа реченица може да се најде и во нашата програмска визија. Да изградиме држава која не дели туку обединува, држава на ските, држава со иднина. И токму затоа денес со гордост ги градиме темелите на промените. Тие темели не се само камен и бетон, тие се правда, надеж, институции, систем што работи за народот. Се менува секојдневието, се менува начинот на владеење. И како што рековме и пред народот и пред историјата, доаѓа времето на Македонија, рече Мицкоски.
Премиерот истакна дека Ѓорче Петров веруваше дека борбата не е само територија туку за училишта, за граѓански права, за пишување книги, за свест, за достоинство.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа