Невремето направи хаос во Волково - Жителите не можат да отидат ни до продавница

Невремето направи вистински хаос во Општина Ѓорче Петров поточно на улицата 21 во Волково. Улиците се како реки кога ќе заврне.
- Се уште сме приморани до продавница да одиме со рибарски чизми. Кога и да се пожалиме во општината, тие експресно не откачуваат, тврдејќи ни дека улицата ни е малечка и дека таму не живеат голем број жители (веројатно мислејќи на гласачи, иако тука вкупно живееме 30тина луѓе)Срамота и греота е во 21 век вака да живееме, вели жител на Општина Ѓорче Петров за Сител.
21.06.2019 - 08:47
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









