Сташ Скубе и официјално останува во Вардар
Крајот на сезоната донесе европска титула за Вардар, но и многу заминувања. Игор Карачиќ, Глеб Калараш, Јања Војводиќ и Дејан Милосављев решија да ја искористат лошата ситуација во клубот и да ја променат играчката средина.
Се споменуваше и името на Сташ Скубе кој беше поврзуван со Киелце и ПСЖ. Откако пропадна можноста да заигра во полскиот првак, креативецот беше блиску до преселба во Франција кај Раул Гонзалез, но трансферот пропадна во последен момент.
„Немам многу што да коментирам за ПСЖ. Работата беше договорена, но во последен момент се случи проблем кој не би сакал да го спомнам.
Засега ситуацијата во Вардар е добра и доколку остане така, се гледам во Скопје уште долго време. По освојувањето на европската титула се променија некои работи и се чини дека Вардар ќе остане силен и во наредните неколку сезони“ , вели 29-годишникот од Ново Место.
Скубе пристигна во Македонија минатата година како замена за Лука Циндриќ кој се пресели во Киелце.
Извор: gol.mk
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа