Последно лето за дискотеките во парк - Сите ќе бидат срушени

Летните дискотеки во Градскиот парк ќе се уриваат и на нивно место ќе се наоѓа новиот забавен парк, објавува СДК.МК.
Паркот ќе биде на површина од 26.000 метри квадратни, на местотото на сегашниот Луна парк, а ќе се прошири и на местото на летните дискотеките.
Поголема површина за новиот забавен парк како што објаснуваат од кабинетот на градоначалникот Шилегов е потребна бидејќи во него нема да има реквизити само за деца, туку и адреналински содржини за возрасни, презентацијата ќе почне летово заедно со постапката за проектирање и набавка на реквизитите.
Сите дискотеки ќе се урнат за оваа намена.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









