Општина Чаир со сочувство по големата трагедија

Општина Чаир се огласи по страшната несреќа денеска кога земја затрупа работници, при што за жал двајца загинаа на лице место, еден е повреден.
Општина Чаир изразува искрено сочувство до семејството на настраданите во денешната несреќа која се случи наспроти Основното Училиште “Пенко“. На местото на настанот, веднаш излезе Инспекторатот на Општина Чаир за да ја потврдат фактичката состојба и за да констатираат дали се испочитувани сите предвидени законски норми за овој вид на работи од страна на изведувачот.
Според изготвениот записник од страна на инспекторите на терен, започнатите работи за вклучување во подземната инфраструктура немале дозвола за нивно спроведување и истите се започнати во текот на денешниот неработен ден – Сабота.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









