Гошев гребе претседателска кандидатура во СДСМ

 

Екс гуверенерот на НБРМ Петар Гошев веќе ја стартуваше кампањата за кандидат на СДСМ за Претседател на Македонија. Доказ за тоа е неговото зачестено појавување во јавноста и критики кон актуелната власт иако претходно, на прсти се броеја неговите јавни настапи по заминувањето од функцијата прв човек во монетарната политика.

Дека има намера да влезе во претседателската трка Гошев не криеше ниту во последниот јавен настап, во емисијата „Патот кон“ на ТВ Алсат.

„Не можам да останам рамнодушен на сето она што се случува во државата и  затоа ќе бидам гласен. Никогаш не сум се плашел и нема да се плашам да го кажам тоа што го мислам“ – рече Гошев.

Тој во последниве неколку недели не пропушта можност да упати критики до актуелната владејачка структура, па познавачите на состојбите на политчката сцена, тоа го толкуваат како негов обид да му се додвори на новото раководство на СДСМ.

Во СДСМ пред 2 дена оретсатавниците на политчките партии од коалицијата на Заев ги почнаа првичните договори околу натапот на претседателските избори. Лидерот Заев рече дека ќе одберат натпартиски кандидат кој ќе биде прифатлив за сите, па останува под знак прашалник, дали Гошев се вклопува во оваа формулација

04.10.2013 - 21:44

најчитано сега