Разиграно на Плоштадот во Скопје - „Матурска парада 2019“

 

На плоштадот „Македонија“ денеска на пладне ќе се одржи традиционалната манифестација „Матурска парада 2019“, на која ќе учествуваат околу 1.000 матуранти од Скопје.

На „Матурската парада“ традиционално матурантите танцуваат квадрил. Освен во Скопје, парада на матуранти ќе има и во други градови низ земјава.

Парадата на матурантите почна да се организира во 2001 година во Љубљана, а во државава првпат се одржа во 2007 година во Скопје и во Охрид.

Од Град Скопје најавија присуство на градоначалникот Петре Шилегов. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.05.2019 - 09:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега