ВИДЕО: Невремето прави проблеми - дрво падна во центарот на Скопје

Врнежи од дожд и силен ветер се забележани попладнево во Скопје.
Освен што невремето прави проблеми во сообраќајот на главниот град, придонесе да падне и едно дрво во центарот на Скопје, поточно кај жена паркот „Борец“ во близината на градската болница, објави ТВ 21.
Откорнати стебла од дрва и кровови од куќи,поплавени улици и домов има низ земјите од регионот, а слично невреме најавија и метеоролозите во Македонија.
14.05.2019 - 21:08
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









