Затворен дел од булеварот Илинден- ова е причината

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска на дел од булеварот„Илинден“, од крстосница со улицата „Аминта 3-ти“ до крстосницата со пристапната улица за влез во објектот на Град Скопје, ќе има посебен режим на сообраќајот.
Посебниот сообраќаен режим е поради одржувањето на манифестацијата „Авто Плус Стрит Шоу“.
Сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.
11.05.2019 - 10:05
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









