Тешко повреден скопјанец - четворица полесно повредени

 

Еден пешак тешко повреден во една од осумте сообраќајни несреќи кои вчера се случиле на подрачјето на Град Скопје. Во четири од сообраќајките четворица се здобиле со полесни повреди, а во три направена е материјална штета.

Според дневниот билтен на СВР Скопје, на подрачјето на Скопје изминатото деноноќие полицијата регистрира само едно нерегистрирано возило.

Во текот на денот Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во рамките на проектот „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи“ во ЈУДГ „25 Мај“ објект„ Сонце “ на подрачјето на општина Гази Баба. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.05.2019 - 08:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега