Поради посетата на Папата ќе се тргнат и контејнерите од улиците во Центар

 

Од Град Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ денеска информираа дека во пресрет на апостолската посета на папата Франциск ќе бидат спроведени безбедносни мерки коишто налагаат привремено дислоцирање на садовите за исфрлање на отпадот.

– Имено, вечер, околу 22.00 часот ќе бидат дислоцирани контејнерите на 45 локации на следните булевари и улици: „Гоце Делчев“, „Свети Климент Охридски“, „Мајка Тереза“, „Даме Груев“, „Филип Втори Македонски“, „ВМРО“, „Орце Николов“, „Митрополит Теодосиј Гологанов“, „Кирил и Методиј“, како и на кејот „13 Ноември“. Дислоцираните садови за исфрлање на отпадот ќе бидат вратени на своите локации околу 22.00 часот утревечер, наведоа од Град Скопје.

Апелираа до граѓаните во меѓувреме да се воздржат од исфрлање на комуналниот отпад.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.05.2019 - 12:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега