Три лица тешко повредени во Скопје - Викендов „фрчеа" казни

 

Во текот на изминатиот викенд во Скопје се санкционирани пет возачи за брзо возење, по двајца кои не дале првенство на минување на пешаци на пешачки премин, и за неправилно  престигнување и по еден возач за неправилно престројување, односно неносење сигурносен појас, покажуваат податоците од билтенот на СВР Скопје.

Во текот на викендот во Скопје се случиле вкупно 33 сообраќајни незгоди, од кои во три со тешки телесни повреди се здобиле три лица, во 22 со полесни повреди се здобиле 14 лица, а во 16 е причинета материјална штета.

Сообраќајната полиција издала осум казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се седум возила.

Од сообраќај се исклучени четворица возачи, од кои тројца пред да се стекнат со право на управување и еден почетник, како и три нерегистрирани возила. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.05.2019 - 09:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега