Во оваа скопска населба утре ќе нема вода

Прекин во водоснабдувањето утре од 9 часот до завршувањето на интервенцијата ќе имаат корисниците од улиците „Крсте Раковски“, „Атанас Иљоски“, „Вера Циривири Трена“, „Македонска преродба“, „Шидска“, „Јосиф Даскалов“, „Никола Вукмировиќ“, „Црногорска“, „Ѓурчин Кокале“, „Крушевска“, дел од „Борис Сарафов“, „Радушка“ и „Ангел Винички“ во општина Ѓорче Петров.
РЦУК по известување од ЈП Водовод и канализација соопшти дека прекинот во водоснабдувањето е поради реконструкција на водоводна мрежа ф-400 мм на улиците „Радушка“ и „Вера Циривири Трена“ во населбата Ѓорче Петров.
01.05.2019 - 10:11
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









