Град Скопје со апел за Први Мај - Казната е 50 евра

Во пресрет на Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај, екипите на Град Скопје деновиве ги чистеа видиковците, јавните зелени површини на излетничките места и во парковите.
- Градот Скопје апелира до граѓаните, при посетата на излетничките места, како и на градските паркови, да се придржуваат на комуналниот ред и воспоставените забрани за палење оган и приготвување скара на отворени површини, да не фрлаат отпад и да не ја оштетуваат поставената урбана опрема. Ова особено важи на местата како што се: Парк–шумата Водно, Парк на природата Гази Баба, СРЦ Сарај, кањонот Матка и други излетнички места, велат од Град Скопје.
Затоа утре внимавајте, ако ве фатат како фрлате отпадоци, казната е како што е познато, 50 евра.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









