Супер вест од Паркинзи на Центар за Велигден

ЈП Паркинзи на Општина Центар ги информираше граѓаните дека по повод претстојните Велигденски празници од 26.04. (петок) до 29.04.2019 година (понеделник) паркиралиштата со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе бидат бесплатни за сите граѓани.
Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 30.04.2019 година (вторник) со вообичаено работно време.
26.04.2019 - 10:25
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









