Бесплатен паркинг во Центар за Велигденските празници

По повод претстојните Велигденски празници Ве известуваме дека од 26.04. (петок) до 29.04.2019 година (понеделник) паркиралиштата со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат бесплатни за сите граѓани на Р.М., се вели во соопштението на „ЈП Паркинзи на Општина Центар“.
„Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 30.04.2019 година (вторник) со вообичаено работно време.
Тимот на ЈП Паркинзи на Општина Центар им ги честита Велигденските празници на граѓаните од православна вероисповед“, стои во соопштението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









