Шилегов ќе го отвори 14. Генерално собрание на НАЛАС

Во Град Скопје денеска ќе биде отворено 14. Генерално собрание на НАЛАС (Мрежата на здруженија на локалните власти од Југоисточна Европа).
Генералното собрание на НАЛАС ќе се одржува денеска и утре во Скопје, а ќе го отвори скопскиот градоначалник Петре Шилегов.
Шилегов како претседател на ЗЕЛС лани учествуваше на 13. Генерално собрание на НАЛАС што се одржа во Брдо, Словенија. На Генералното собрание беше избрано и ново раководство. Со оглед на ротирачкото претседателство, Шилегов беше назначен за прв потпретседател на НАЛАС за 2018 година.
11.04.2019 - 08:02
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









