Призма: Коце Трајановски се подновил со куќа покрај Вардар

Поранешниот скопски градоначалник Коце Трајановски се подновил со куќа покрај реката Вардар во населбата Керамидница, објави Призма.
Куќата е на два ката и според податоците од Катастар, има вкупна површина од 392 квадратни метри, заедно со подрумските простории и со терасите. Како што пишува Призма, таа сѐ уште не е вселена и ѝ се доуредуваат внатрешноста и дворот.
Трајановски може да се види како ја посетува заедно со луѓето што нудат градежни или занаетчиски услуги, или како работи во дворот.
Иако Трајановски за Призма потврдил дека куќата е негова, всушност, не е директен сопственик, туку таа е во сопственост на фирма што тој ја купил минатата година заедно со својата сопруга. Компанијата се вика „Природна органска храна ДОО“ и на нејзино име се водат три катастарски парцели во Керамидница, со вкупна површина од 1.895 квадрати. На една од парцелите се гради објектот.
Целото истражување можете да го прочитате ТУКА.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









