Ципрас го блокираше пола Скопје - Летаат хеликоптери

 

Блокирани дел од улиците во центарот на градот. Македонското МВР уште вчера информираше дека поради посетата од страна на премиерот на Грција, Алексис Ципрас во придружба на грчка делегација, до 20.00 часот Министерстовото за внатрешни работи ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Град Скопје.

- Министерството за внатрешни работи апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат насоките кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај, сопштија од Министерството за внатрешни работи.

Во Скопје цел ден надлетуваат и хеликоптери.

Инаку, Ципрас веќе се сретна со премиерот Зоран Заев со кој имаше и прес-конференција, со претседателот на Собранието Џафери и со Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.04.2019 - 17:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега