Ципрас од рано наутро до вечерта ќе го блокира Скопје

 

МВР денеска информира дека поради посетата на Република Македонија од страна на премиерот на Грција, Алексис Ципрас во придружба на грчка делегација, утре во периодот од 9.30 до 20.00 часот Министерстовото за внатрешни работи ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Град Скопје.

- Министерството за внатрешни работи апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат насоките кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај, сопштија од Министерството за внатрешни работи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.04.2019 - 20:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега