Родителите во паника: Дефектен автобус заглави ученици од Скопје на екскурзија

Вистинска драма доживеале и родителите и учениците од трета година во Средното училиште васил Антевски Дрен во Скопје, кога денеска не пристигнаа од петдневната екскурзија во Прага, Виена и Дрезден, како што беше планирано во 14. часот.
Како што јавува Алфа, децата доцнеле бидејќи нивниот автобус неколкупати се расипал, а 15. часа не можеле да се слушнат со родителите.
Според официјалните информации од директорот на училиштето Александар Канурков , изутрината во 4 часот се појавил дефект на автобусот во Унгарија, по што директорот побарал да им се обезбеди нов автобус на децата со цел безбедно да пристигнат до Скопје.
Алфа побарале став од агенцијата Ројал Стар Турс која е организартор на патувањето, но не сакале да зборуваат пред камера, а во краткиот разговор потврдиле дека имале одреден дефект, кој за кратко бил саниран и дека децата се безбедни и до 23 часот ќе пристигнат.
Родители на учениците на социјалните мрежи алармираат дека автобусот за време на патувањето се расипал дури три пати, пред да биде заменет со друг.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









