Шилегов: Возењето велосипед ќе ни помогне во намалување на метежот и аерозагадувањето

 

Денеска се одржа завршниот настан од манифестацијата „Денови на екологија: Онлајн со природата“ кој е во организација на Општина Бутел.

Во рамките на оваа манифестација изминативе 10 дена на територијата на општина Бутел беа организирани голем број на еколошки настани и активности чија главна цел беше јакнење на еколошката свест кај граѓаните.

Под мотото „Вози велосипед за почист свет“ денеска се одржа големо велосипедско дефиле, на кое учество зедоа ученици од сите основни училишта од Бутел. Во велосипедското дефиле учествуваа и градоначалниците на Град Скопје и Општина Бутел, Петре Шилегов и Велимир Смилевски, а пред одржувањето на дефилето им се обратија на присутните.

Градоначалникот Шилегов во своето обраќање наведе дел од проектите коишто Градот Скопје ги реализира за подобрување на велосипедската инфраструктура, како и за општите бенефити од користењето на велосипедот како рекреативно и превозно средство.

- Возењето велосипед освен што е здрава навика, ќе ни помогне многу и во намалувањето на сообраќајниот метеж кој станува реален проблем во градот. Но најважно од сѐ е тоа што ќе го намали и аерозагадувањето предизвикано од сообраќајот кој е еден од трите најголеми фактори на загадувањето покрај индустријата и загревањето на домаќинствата. Само така ќе успееме да постигнеме одржлива урбана мобилност во нашето Скопје и само така ќе фатиме чекор со модерните европски градови кои посветуваат сериозно внимание на оваа проблематика. Во изминатите децении воопшто не е работено на велосипедската инфраструктура во северниот дел на градот и тоа е нешто што во изминатиов период работиме да го поправиме. На две од четирите градски улици во Бутел имаме велосипедски патеки, а работиме на велосипедски патеки на повеќе сообраќајници во должина од 2,5 километри во Чаир, за лани да изградиме над 14 километри велосипедски патеки, а ќе продолжиме со подобрување на оваа инфраструктура и во иднина - кажа градоначалникот Шилегов.

Во рамките на завршниот настан на манифестацијата „Денови на екологија: Онлајн со природата“ беа доделени награди и благодарници за учениците кои зедоа учество во активностите и настаните кои се одржаа изминативе 10 дена, а доделени беа и наградите од конкурсот за најдобар Екострип.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.03.2019 - 14:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега