Наполнете шишиња навреме: Овие улици во Скопје утре без вода

Прекинато водоснабдување утре од 9 часот до завршување на работите ќе имаат корисниците од ул.„Орце Николов“ во Скопје, на потегот од ул.„Аминта Трети“ до ул.„Мирослав Крлежа“.
Како што соопшти Центарот за управување со кризи по добиено известување од ЈП Водовод и канализација, прекинот во водоснабдувањето е поради уличен дефект ф-100мм, на ул.„Орце Николов“ бр.96.
26.03.2019 - 17:18
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









