Навалица од луѓе во Град Скопје за инвертер клими

 

Шалтерите на Град Скопје од утринава се отворени за прием на барањата од граѓаните кои сакаат да ја искористат мерката за субвенционирање на инвертер клима уред, а буквално има навалица, пишува Фокус.

 Стотици граѓани побрзаа да аплицираат за мерката со која се субвенционира половина од вкупната вредност на уредот, но не повеќе од 15.000 денари.

Субвенцијата има за цел да ги мотивира граѓаните кои ги загреваат своите домови со печки кои користат огревно дрво, нафта и други скапи и нееколошки енергенси да ги заменат со далеку поевтините и поеколошките инвертер клима уреди или други современи системи за затоплување.

Инвертер клима уредите трошат околу 30% помалку електрична енергија од обичните клима уреди, а повеќе од 50% ги намалуваат трошоците во однос на греењето со огревно дрво. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.03.2019 - 10:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега