Тешко до дијагноза: Во „8-ми Септември“ не работи ниту еден компјутер

 

Болницата „8-ми септември“ нема ниту еден компјутер што работи со што пациентите се оставени сами на себе, бидејќи не може да се дојде до нивна дијагноза, дознава „Курир“

Лекарите се надеваат дека денеска вториот компјутер ќе се поправи иако се сомневаат бидејќи за првиот уште чекаат. Дури предвидуваат дека и за овој ќе се чека подолго време, околу 3 месеци ако цевката на компјутерот е дел од кварот.

Овие компјутери односно компјутерски томографи се многу важни бидејќи преку нив се доаѓа до дијагноза на заболени пациенти со што потоа им се одредува соодветна терапија за лекување. Сега, за жал, пациентите се оставени сами на себе и не можат да ја дијагностицираат болеста од која боледуваат.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.02.2019 - 12:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега