Оваа скопска населба утрово ќе биде без вода

Од 9:30 часот денеска прекин во водоснабдувањето ќе имаат дел од корисниците од населбата Автокоманда, висока зона.
Како што соопшти Дежурно-информативниот центар на ЈП „Водовод и канализација“, прекинот е поради отстранување уличен дефект на улицата „Јани Лукровски“ 12 .
Жителите ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата.
15.02.2019 - 09:48
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









