Скопје и денеска се гуши - воздухот екстремно загаден

 

 

Неколку дена наназад Скопје и Македонија го дистигнаа врвот во загаденост на воздухот.

Мерните станиците повторно евидентираат огромна концентрација на ПМ-10 честички во воздухот, а изутринава најзагадено беше во скопските населби Ѓорче Петров (5551 µg/m3), Карпош 2 (545 µg/m3) и Црниче (473 µg/m3).

Со итните мерки се препорачува да се ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, лица со хронична астма, лица со прележан инфракт или мозочен удар без разлика на возраста. Исто така, треба да се реорганизира работното време за оние кои работат на отворено од 11 до 17 часот, забрана за одржување спортски натпревари и други манифестации на отворено и обезбедување услови за зголемена активност на брзата помош, домашната помош и патронажната служба.

Сликата не е поразлична ниту во внатрешноста, а со најзагаден воздух може да се „пофалат“ Битола, Струмица и Прилеп.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.01.2019 - 12:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега