Скопје синоќа беше најзагаден град во светот

Синоќа после еден часот Скопје се најде на првото место во светот, како град со најзагаден воздух, според страницата „Ер вижуал“. Индексот на загадување беше 430, а по него следуваа градови од Индија и Пакистан. Четвртото место му припадна на Бангладеш, а петтото на Косово.

Поради загадувањето на воздухот и надминување на прагот на информирање утврден на вредноста од 100 микрограми на метар кубен во текот на два последователни денови Министерството за животна средина и просторно планирање вчера упати препораки до населението.
Од Министерството за животна средина и просторно планирање се препорачува да се користи јавен превоз, возилата да не се користат без поголема потреба, повеќе лица да се возат со едно возило во исто време, да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материја, како и правилно да се користат печките за дрва
Воедно Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје на РМ препорачува ограничени движења и активности на отворен простор на најранливата популација меѓу кои се децата, стари лица, болни од хронични болести на белодробниот и срцевиот садовен систем, со посебен ризик за болните од бeлодробна астма, но и за лицата кои својот професионален ангажман го вршат на отворен простор во загадените зони на градот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









